13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеднап: Ова е најлошиот Ливерпул во последната деценија

Реднап: Ова е најлошиот Ливерпул во последната деценија

lililo

Поранешниот менаџер на Квинс Парк Ренџерс, Хари Реднап, изјавил дека Ливерпул го има најлошиот тим во последните десет години. Тој смета дека ‘црвените’ треба да бидат среќни што во моментов се наоѓаат на десеттото место во Премиерлигата.

Екипата на менаџерот Брендан Роџерс во домашното првенство има забележано две победи во пет одиграни натпревари, а во четвртокот во првото коло, во Лига Европа, одигра 1:1 во Бордо.

„Мислам дека ова е најлошиот тим на Ливерпул во последната деценија. Не е Брендан единствениот виновник. Не можеше ништо да направи за да го спречи заминувањето на Суарез и Стерлинг. Ова е многу комплициран период за него“, рекол Реднап.

Од почетокот на сезоната во Премиерлигата, Ливерпул забележа две минимални победи над Борнмут и Стоук.

„Можат да бидат среќни колку поени собраа досега. Мечот со Борнмут е вистинскиот пример. Не требаа да го добијат тој натпревар. Имаа среќа и против Стоук. Не играат добро во овој момент“, дополнил Реднап.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП