2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗизис и Бурусис најавија повлекување од репрезентацијата

Зизис и Бурусис најавија повлекување од репрезентацијата

spanoulis-zisis-bourousis-ethniki

Кошаркарската репрезентација на Грција со победата над Чешка обезбеди настап на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри, каде настап на турнирот во Рио де Жанеиро ќе се обидат да изборат со реконструиран тим.

Имено веднаш по завршувањето на мечот со Чешка, во емотивно обраќање, збогум на репрезентацијата и кажа Василис Спанулис, а веднаш потоа истото го сторија Никос Зизис и Јанис Бурусис.

Зизис, кој на ова ЕП беше капитен на Грција, има 32 години, а член на репрезентацијата е од 2004 година. Бурусис има 33 години, а на националниот тим му се приклучи во 2005 година.

Во наведениот период Грција освои три медали на големите натпреварувања, злато на ЕП во Белград (2005), сребро на СП во Јапонија (2006) и бронза на ЕП во Полска (2009).

Покрај тројцата грчки репрезентативци, на ЕП кое е во тек крај на репрезентативните кариери објавија Владо Илиевски и Дирк Новицки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП