20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрбија-Литванија: Ривалство кое сè уште трае

Србија-Литванија: Ривалство кое сè уште трае

Basketball, Eurobasket, Slovenia 2013, Jesenice, Lithuania, Serbia

Србија и Литванија, денеска (21 ч), ќе играат за пласман во финалето на Европското првенство и место на Олимпискиот турнир во Рио де Жанеиро. Шпанците со победата над Франција 80:75 во финалето го чекаат победникот од овој натпревар.

Овие две репрезентации имаат долга историја на меѓусебните дуели, ривалството датира уште од времињата на поранешните држави СФРЈ и СССР, а кулминираше во финалето на ЕП во 1995 година. Од таа ноќ во Атина, дуелите на тогаш СРЈ или Србија и Црна Гора и на крајот Србија против Литванија секогаш имаат посебен натпреварувачки набој.

1995 година СР Југославија се врати на меѓународната сцена откако и беа укинати снакциите, кошаркарите на ЕП во Атина стигнаа во финалето, а таму ги чекаше Литванија со Сабонис, Марчуљонис…На другата страна стоеја Дивац, Даниловиќ, Бодирога и сега актуелниот српски селектор Ѓорѓевиќ.

Историјата вели дека Ѓорѓевиќ пружи една од најдобрите индивидуални партии во историјата на ЕП-а и со 41 поен ја предводеше својата селекција до златниот медал.

Една година подоцна следуваше нов дуел на Олимписките игри во Атланта, во полуфиналето СР Југославија славеше и избори финале каде беше поразена од САД.

Ѓорѓевиќ беше кобен за Литванците и на ЕП во 1997 година, во четвртфиналето Литванците беа поразени, а нешто подоцна СР Југославија ја одбрани европската титула.

Литванците на реванш чекаа три години, на Олимписките игри во Сиднеј, во 2000 година, славеа со 76:63, а подоцна го освоија бронзениот медал.

СР Југославија беше еден од ривалите на Литванија на ЕП во 2003 година во Шведска, тогаш генерацијата предводена од Јасикевичиус супериорно стигна до својата прва и засега единствена европска титула.

Шест години подоцна, една нова генерација на српски играчи, предводена од Теодосиќ и центарот Крстиќ лесно се справи со Литванија во втората фаза и на крајот го освои сребрениот медал. Литванците на тоа ЕП во Полска ја започнаа смената на генерации.

Нова пресметка следува во 2010 на СП во Турција. Литванија славеше во борбата за бронзениот медал со 99:88. Србите не сакаа ниту да го играат натпреварот, бидејќи претходно во полуфиналето против Турција им беше украдена победата.

На ЕП во Литванија, двете репрезентации играа во првата фаза, тоа беше деби на големите натпреварувања за Јонас Валанчиунас денес еден од најважните литвански играчи. Литванија лесно се справи со Србија на тој меч и победи со 100:90.

Последниот меѓусебен меч Србија и Литванија го имаа пред две години, на ЕП во Словенија, во првото коло на турнирот Србите славеа со 63:56, а Литванците и покрај тој пораз стигнаа до финалето каде загубија од Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП