27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпанулис стави крај на репрезентативната кариера

Спанулис стави крај на репрезентативната кариера

spanulis

Легендарниот грчки кошаркар Василис Спанулис, по натпреварот со Летонија на Европското првенство стави крај на репрезентативната кариера. Неговата репрезентација победи во натпреварот за пласман од петтото до осмото место со 97:90, а 33-годишниот Спанулис го одигра последниот меч во националниот тим.

Кошаркарот на Олимпијакос и еден од најдобрите грчки кошаркари во националните репрезентации игра од својата 17-та година, а за А селекцијата дебитирал во 2004 година на ОИ во Атина.

Најголемиот успех со репрезентацијата го постигна на ЕП во 2005 година кога го освои златниот медал, во 2006 на Светското првенство во Јапонија го освои сребрениот медал, а во 2009 на ЕП во Полска стигна до бронзата.

„Чувствувам потреба да кажам дека е време да се простам од националниот тим. Пораснав во репрезентацијата, тука сом од својата 17-та година. Мислам дека и дадов многу на репрезентацијата. Кариерата во националниот тим ми беше исполнета со радост, тага, титули, медали, успеси и неуспеси. Успеав заедно со своите тренери и соиграчи во овој период да и донесам три медали. Горд сум. Време е да започнат да играат други деца. Имаме талент и квалитет. сите ќе бидеме со нив. ви благодарам многу. Горд сум што го носев дресот со државниот грб. Горд сум што играв за Грција ќе ги паметам само убавите моменти“, рекол во својот емотивен говор Спанулис.

Популарниот Били е третиот играч кој се прости од својата репрезентација на ова ЕП, пред него тоа го направија Владо Илиевски и Дирк Новицки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП