16 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед очекува рекордни приходи поради враќањето во ЛШ и договорот со Адидас

Јунајтед очекува рекордни приходи поради враќањето во ЛШ и договорот со Адидас

gjavoli 00

Манчестер Јунајтед очекува рекордни приходи помеѓу 500 и 510 милиони фунти за следната финансиска година. За изминатата која истече на крајот на јуни, приходите се намалени од 433.2 милиони до 395.4 милиони фунти, што главно се должи на отсуството од Лигата на Шампионите.

Недостатокот на европски натпревари доведе до пад од 20% или до 107.7 милиони од телевизиските права, како и за 16.2% до 90.6 милиони на приходите од натпреварите на „Олд Трафорд“.

Во исто време, сепак, финансискиот извештај на клубот покажува рекордни приходи од спонзорските договори – раст од 14,1% до 154.9 милиони фунти. Освен тоа фондот за плати на „Олд Трафорд“ е намален за 12 милиони.

Отсуството од Лигата на Шампионите доведе до загуба на околу 35 милиони фунти. Во оваа сезона, сепак тимот на Луис ван Гал повторно е дел од најкомерцијалниот турнир, па приходите во касата на клубот ќе се зголемат и по оваа ставка.

Бруто надворешниот долг на Јунајтед се зголеми за 20% или до 411 милиони фунти, што се должи на зајакнувањето на доларот, но пак нето долг е намален до 255 милиони.

„Гледајќи кон оваа сезона, ние сме ентузијасти од нашите силни позиции, како на теренот така и надвор од него. Во последните недели го засиливме составот со возбудлив микс од млади и искусни играчи, влеговме во групите од Лигата на Шампионите и забележавме импресивен старт на нашето партнерство со „Адидас“. Резултатите од финансискиот извештај ни даваат доверба дека нашиот раст ќе продолжи“, коментира извршниот потпретседател на клубот Ед Вудворд.

Клубот исто така, објави дека се обидува да привлече 400 милиони долари (257 милиони фунти) од продажбата на нови акции на берзата во Њујорк.

Од следната сезона пак ќе стапи во сила новиот договор за телевизиските права во Премиер лигата, кој е во вредност од 3 милијарди фунти за трите сезони меѓу 2016 и 2019 година, што ќе даде дополнителен поттик за најдобрите финансиски показатели на Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП