18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСамарџиски ќе игра за Мега Лекс

Самарџиски ќе игра за Мега Лекс

drvadziski 22

Кошаркарскиот клуб Мега Лекс на својата интернет страница објави дека клубот потпишал краткорочен договор со македонскиот репрезентативен центар Предраг Самарџиски. Договорот значи дека македонскиот репрезентативец ќе може да си замине од клубот доколку добие некоја подобра понуда.

Самарџиски (214 сантиметри) на тренинзите на својот нов клуб ќе се приклучи кога Мега Лекс ќе се врати од подготовките во Швајцарија, каде ќе одигра две контролни средби.

Центарот минатата сезона настапуваше за МЗТ Скопје Аеродром и во АБА лигата имаше учинок од 10,9 поени и 8,6 скока по натпревар. Во богата интернационална кариера Самарџиски има настапувано за Партизан, ФМП Железник, Олин, Литвос Ритас, Црвена ѕвезда, Мерсин, Анкара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП