5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏордан годинава заработи повеќе отколку во цела кариера

Џордан годинава заработи повеќе отколку во цела кариера

majklce 00

Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан веќе има 52 години, но и покрај тоа неговите приходи не се намалуваат, дури напротив, тие достигнаа рекордни нивоа.

Само минатата година Џордан заработил над 100 милиони долари од рекламни договори, а неговото името се најде и меѓу милијардерите на листата на списанието „Forbes“.

Неговите приходи од 100 милиони долари го стави на челната позиција меѓу пензионираните спортисти и трето, ако во рангирањето ги додадеме и активните, а единствено пред него се Флојд Mејведер и Мани Пакјао.

Главниот дел од парите на Џордан доаѓаат од брендот „Jordan“, која е во сопственост на „Nike“. Останатите се од рекламните договори како „Gatorade“, „Hanes“, „Upper Deck“, „2K Sports“ и „Five Star Fragrances“. Но, факт е дека денес Џордан прави годишно повеќе отколку во целата своја кариера.

Кумулативно тој заработил 94 милиони долари во времето кога се натпреваруваше, со известување на инфлацијата, денес овие пари ќе изнесуваа 145 милиони долари. Со оглед евентуалното пензионирање на Флојд Mејведер и повредата на Мани Пакјао, нема да е изненадување ако наскоро Џордан ја предводи и листата на најдоброплатените спортисти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП