3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПроблеми за Енрике, Рафиња мора на операција

Проблеми за Енрике, Рафиња мора на операција

rafinja 333

Барселона со реми (1:1), во Рим против Рома ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Барселона не блескаше на „Олимпико“, иако повеќе ја заслужи победата. По мечот главоболки на тренерот Луис Енрике му донесе информацијата дека на Рафиња му претстои подолга пауза.

Имено, играчот од редот за врска, на теренот влезе во 61.минута, а само четири минути подоцна поради повреда ја напушти играта.

Прегледите покажале дека Рафиња во дуелот со Наинголан ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото. Младиот Бразилец ќе мора да оди на операција, а првичните прогнози говорат дека во тимот може да се врати дури во финишот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП