11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИранките без капитен на Азискиот куп, мажот и го одзел пасошот

Иранките без капитен на Азискиот куп, мажот и го одзел пасошот

iranki

Капитенот на женската фудбалска репрезентација на Иран, Нилуфар Арадалан, нема да настапи за својата репрезентација на Азискиот куп кој се одржува во Малезија. Имено, нејзиниот сопруг, по една караница, и го одземал пасошот, пренесува агенцијата АП.

Според иранскиот закон мажот има право да ја спречи сопругата да отпатува во странство.

Мажот на Нилуфар Арадалан, наводно сакал таа да биде присутна во домот за првиот школски ден на нивниот син, а капитенката на Иран на Инстаграм објавила дека целта работа ја ‘надувале’ медиумите и во исто време потврди дека нема да учествува на турнирот.

Исто така таа побарала измени во иранскиот закон кој ги регулира правата на жените кога се во прашање патувањата.

„Јас сум само војник кој се бори за знамето на својата земја. Би сакала да се донесе закон кој ќе овозможи и жените војници да можат да се борат и да загинат за знамето“, напишала Ардалан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП