13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Сензација во Загреб, Флоренци погоди од 50 метри (видео)

ЛШ: Сензација во Загреб, Флоренци погоди од 50 метри (видео)

флоенци

Вториот ден од првото коло во Лигата на шампионите во фудбал го одбележа сензационалниот триумф на Динамо над Арсенал (2:1) и спектакуларниот гол на Флоренци во ремито на Рома и Барселона (1:1).

Група Е:

Дербито во Рим не ги оправда очекувањата, Рома и Барселона само на периоди беа на вистинското ниво, а мечот мина во знакот на Флоренци кој во 31. минута од 50 метри го совлада Тер-Штеген. Младиот германски голман вторпат во еден месец прими гол од половина терен, откако на идентичен начин беше совладан од Сан Хозе во Суперкупот на Шпанија, кој Барса го загуби од Атлетик Билбао.

Пред ремек делото на Флоренци, Барселона стигна до предност со голот на Луис Суарез.

Инаку на овој натпревар Лео Меси влезе во историјата, откако стана најмладиот играч кој одиграл 100 натпревари во ЛШ.

Во Леверкузен Баер лесно се справи со БАТЕ Борисов и забележа убедлива победа од 4:1. Мехмеди го отвори резултатот, израмни Милуновиќ, а потоа погодија Чаханоглу, Чичарито и повторно Чалханоглу од пенал.

Група Ф:

Динамо на „Максимир“ приреди сензација која веројатно долго ќе се раскажува во ЛШ. Хрватскиот шампион го совлада Арсенал со 2:1 и ја забележа својата прва победа во ЛШ по пауза од 16 години.

Окслејд-Чембрлен си постигна автогол во 24. минута, а дека Арсенал тешко ќе ги однесе бодовите од Загреб беше јасно во 40. минута кога Жиру го доби вториот жолт картон и го остави тимот со играч помалку.

Фернадез го зголеми водството на Динамо во 58. минута, а Арсенал до крајот само успеа да намали преку Волкот.

Олимпијакос го пречека минхенски Баерн и според играта не заслужи пораз од 0:3. Баварците поведоа преку Милер во 52. минута, тој постигна евро гол, иако првичната намера му беше да упати центаршут, но топката доби чудна патека и заврши во мрежата на Олимпијакос.

Во самиот финиш Геце зголеми на 2:0 во 88. минута, а во 92. минута Милер од пенал го постави конечниот резултат.

Група Г:

Челзи иако се наоѓа во лоша форма, сепак без проблеми се справи со Макаби. Вилијан, Оскар од пенал, Диего Коста и Фабрегас беа стрелци во победата на ‘сините’ од 4:0.

Во Киев домаќинот Динамо водеше со голот на Гусев, потоа Порто преку Абубакар направи пресврт за 1:2, а Бујалски од сомнителна позиција ги постави конечните 2:2.

Група Х:

Зенит по десет натпревари конечно забележа победа на шпанска почва. Екипата на Вилас-Боаш славеше над Валенсија со 3:2. Бразилецот Хулк постигна два убави гола за предност на Зенит од 2:0. Валенсија во вториот дел израмни преку Кансело и Гомес, а конечниот резултат го постави Витсел.

Гент и Лион осовоија по бод откако одиграа 1:1. Гент во првото полувреме остана со играч помалку, а играчката предност Лион ја материјализираше преку Жале во 58. минута. Десет минути подоцна Гент израмни преку Миличевиќ. Во финишот Гент остана без уште еден играч, а најдобриот фудбалер на Лион, Лаказет во 89. минута не реализираше пенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП