11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијанштад со победа ја отвори ЛШ

Кристијанштад со победа ја отвори ЛШ

кристијанстад

Скандинавското дерби помеѓу Кристијанштад и Колдинг Копенхаген го означи стартот на новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Натпреварот се одигра во Б групата, во која партиципира и Вардар, а заврши со убедлива победа на Кристијанштад од 33:26.

Шведскиот тим во целост ја контролираше играта и резултатот, а со добрата игра во одбраната со обезбеди големи шест голови предност на полувремето 16:10.

По слично сценарио се одвиваше и второто полувреме, а кога Кристијанштад поведе со 25:14 беа решени сите дилеми околу победникот.

Бјернсен со девет и О’Саливен со седум голови беа најефикасни играчи во шведскиот тим, додека рускиот репрезентативец Игропуло со шест голови го предводеше Колдинг.

Останатите натпревари од првото коло ќе се одиграат во наредните четири дена:

Група А:

Загреб-Кил

Висла-Веспрем

Фленсбург-Пари Сен Жермен

Бешикташ-Цеље

Група Б:

Монпелје-Вардар

ПИК Сегед-Киелце

Рајн Некар-Барселона

Група Ц:

Чеховски медведи-Ла Риоха

Мешков Брест-Војводина

Порот-Татран Прешов

Група Д:

Шафхаузен-Елверум

Мотор Запорожје-Металург

Скјерн-Баја Маре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП