7 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА размислува за уште едно натпреварување

УЕФА размислува за уште едно натпреварување

уефа

УЕФА размислува да воведе уште едно клупско натпреварување, покрај постојните две, Лигата на шампионите и Лига Европа.

На состанокот во Малта, на кој учествуваа претставниците на 54 национални федерации, кои се членки на УЕФА, била отворена дебата на темата, клубовите кои нема да изборат место во Лига Европа, односно екипите кои ќе испаднат во четвртото квалификациско коло, да играат во посебно натпреварување.

Сепак, и доколку реши УЕФА да воведе уште едно натпреварување, тоа нема да се случи пред 2018 година, кога истекува актуелниот договор околу телевизиските права.

„Новото натпреварување би им овозможило на клубовите кои никогаш не успеале да влезат во фазата по групи во европските купови. Овој предлог е добар, бидејќи и помалите екипи ќе играат во септември, октомври, ноември европски натпревари“, рекол директорот на Фудбалската федерација на Украина, Волдомир Ганинсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП