6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУспешно опериран Лук Шо

Успешно опериран Лук Шо

luk-shoooo

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, успешно е опериран во Ајндховен, откако на натпреварот против ПСВ се здоби со двоен прелом на ногата. Јунајтед преку соопштение објави дека Шо ќе остане на лекување во Холандија.

Лук Шо, во 20. минута, по еден дуел со Ектор Морено се здоби со двојна фрактура на ногата, според прогнозите му престои подолга пауза, но од клубот не прецизираа колку тој ќе отсуствува од терените.

Шо беше стандарден во тимот на Луј Ван Гал од почетокот на сезоната, на „Олд Трафорд“ пристигна минатата сезона од Саутемптон за сума од 28 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП