21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИБА: Нов календар и нов систем, укинато едно ЕП

ФИБА: Нов календар и нов систем, укинато едно ЕП

fiba_logo_quer

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) го искористи Европското првенство, кое е во тек, да го промовира новиот натпреварувачки систем. ФИБА укина едно Европско првенство и го промени термнинот на Мундобаскетот.

ФИБА соопшти дека новиот календар ќе започне да се применува од 2017 година и дека со тоа ќе биде отворена нова ера во светската кошарка.

Светското првенство кое требаше да се одржи во 2018 година ќе биде одржано една година подоцна, во 2019 година, и потоа ќе се одржува на секои четири години. Со ова ќе биде избегнато планетарното натпреварување во кошарка да се одржува во ист термни со некои друго големо натпреварување, какви што се Олимписките игри или Светското првенство во фудбал.

За секој Мундобаскет ќе се играат двегодишни квалификации, во ткн. „шест прозори“, односно во ноември, февруари, јуни, септември, ноември и февруари.

На Светското првенство ќе учествуваат пет репрезентации: домаќинот, пет екипи од Африка, седум од Америка, седум од Азија и Океанија и 12 од Европа.

Исто така почнувајќи од 2017 година континенталните натпреварувања ќе се одржуваат на секои четири години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП