17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПопуларната „четворка“ ја доби и верзијата „Ѕ“ (фото+видео)

Популарната „четворка“ ја доби и верзијата „Ѕ“ (фото+видео)

scetvorka

Покрај стандардните верзии на моделот „А4“, кој имаше интернет премиера уште во текот на јуни, „Audi“ на саемот за автомобили во Франкфурт го претставува новиот „S4“ со 354 кс.

Новата генерација на „Audi S4“ е пониска во споредба со регуларната „четворка“ за 23 mm.

scetvorka1

Автомобилот е поставен на 18 инчни алуминиумски бандажи, додека контактот со подлогата се остварува преку гуми со димензија 245/40. Како опција, достапни се и бандажи од 19 инчи.

Од „Audi“ соопштија дека лимузинската верзија на новиот „S4“ е тешка 1.630 кг. Караванот „S4 Avant“ има маса од 1.675 кг.

Тапацирот во кабината и спортски седишта се од „Nappa“ кожа и „Alcantarа“, додека површината на командната табла и централната конзола е обложена со материјал од јаглеродни влакна.

scetvorka2

Како и другите модели, најновата генерација на „Audi“ возилата, и тука доминира голем екран на мултимедијален систем во форма на таблет.

Како опција со доплата, во понудата е и 12.3 инчен дисплеј кој го менува аналогениот инструмент на таблата која веќе ја имаме видено во неколку нови возила на „Audi“, а кој дебитираше во моделот „ТТ“.

„LED“ фаровите се во стандардниот дел од опремата. На купувачите им стојат на располагање опциони фарови со „LED Matrix“ технологија, а меѓу бројните опции за доплата се издвојува практичниот „head-up“ дисплеј.

scetvorka3

За погон е одбран новиот „V6 3.0 TFSI“, турбо – бензинец со 354 ks (260 kW), додека максималниот вртежен момент изнесува 500 Nm.

Моторот е помоќен, но и полесен во однос на погонската единица од претходното „Audi S4“, а производителот тврди дека е и поекономичен (според фабричките податоци, просечната потрошувачка е 7,4 l/100 km).

scetvorka4

Моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на осум брзинскиот менувач и „quattro“ системот.

Од состојба на мирување до 100km/h автомобилот забрзува за 4,7 секунди, а максималната брзина е ограничена на 250 km/h.

„Audi S4 Sedan“ и „S4 Avant“ на пазарот ќе се појават во 2016-та година, а цената за сега не е позната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП