19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранција закажа полуфинале со Шпанија

Франција закажа полуфинале со Шпанија

toni-parker

Кошаркарската репрезентација на Франција се пласираше во полуфиналето на Европското првенство со победата над Летонија 84:70 (21:25, 19:13, 16:7, 28:25). Франција во полуфиналето ќе игра против Шпанија која претходно славеше над Грција со 73:71.

Иако во првото полувреме Франција имаше многу проблеми, пред се поради лошата игра во нападот и поради борбениот противник, сепак во вторито дел ‘триколорите’ само поради играта во одбраната стигнаа да сигурна победа.

Летонија играше лесно во првиот период, без проблеми ја пробиваа француската одбрана и на влезот во десеттата минута предноста на аутсајдерот изнесуаше осум поени (17:25). До крајот на првиот период благодарени на грешките на Летонците Франција намали на 21:25.

Француската одбрана започна да работи во вториот период, Летонците се потешко доаѓаа до позиција да шутираат кон кошот на противникот, Паркер ги постигна првите поени и Французите на полувреме стекнаа предност од 40:38.

Во третиот период Летонците на своја кожа почувствуваа како Французите можат да одиграат во дефанзивата. Периодот заврши со резултат 16:7, а Летонците од поле имаа реалзиција од само осум отсто.

Двоцифрената предност која ја стекнаа по 30 минути игра француските кошаркари без проблеми ја одржаа до крајот.

Паркер со 18 поени и шест асистенции ја предводеше Франција, додека кај Летонија најефикасен беше Јаниченокс со 15 поени.

Полуфиналните двојки на ЕП ќе бидат комплетирани во среда кога ќе се одиграат натпреварите Србија-Чешка (18.30 ч) и Италија-Литванија (21 ч).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП