26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГасол и Миротиќ ја однесоа Шпанија во полуфиналето на ЕП

Гасол и Миротиќ ја однесоа Шпанија во полуфиналето на ЕП

gasol-pol

Кошаркарите на Шпанија први изборија пласман во полуфиналето на Европското првенство. Шпанците со херојска игра во четвртфиналето славеа над Грција со 73:71 (14:14, 25:18, 16:25, 17:14) . До победата ‘црвената фурија’ ја предводеше двоецот Пау Гасол-Никола Миротиќ кои заедно искомбинираа 45 поени.

Четвртфиналето помеѓу Шпанија и Грција во секој поглед го оправда епитетот дерби на оваа фаза. Во текот на сите 40 минути на теренот се водеше вистинска ‘војна’, на крајот победи генијалноста на Гасол и неверојатната игра на Шпанија во одбраната во последниот период, иако Грците кои на нецели 90 секунди имаа седум поени негатива на крајот се доближија на само еден поен, но за целосен пресврт немаа време.

Шпанија подобро влезе на мечот, отвори со 8:2, но Грците бргу се консолидираа го израмнија резултатот и првиот период заврши нерешено.

Кош за кош двете селекции играа во првите четири минути од втората четвртина кога Шпанците се одвоија на седум поени, која ја одржаа до крајот на полувремето.

Во првиот дел Грците доминираа во скокот, но подобрата реализација на ударите за три поени и ја донесе позитивата на Шпанија.

Грчката одбрана во третиот период делуваше непробојно за Шпанците кои беа принудени на резонски шутеви и Грција со серија 10:3 се врати во мечот, а потоа и стигна до предност од четири поени.

Шпанија во последниот период влезе со минус од два коша, но по две минути стигнаа до плус три со серијата од 5:0. Неверојатно делуваше шпанската одбрана во првите седум минути од последниот период, а Грците беа принудени да шутираат од нерезонски позиции. Како играше Шпанија во одбраната во последниот период говори податокот дека Грција во првите седум минути имаа реализација од само девет проценти.

Шпанците на 90 секунди до крајот имаа предност од седум поени (68:61), но со серијата грешки, односно загубените топки на Љуљ, Клавер и Родригез го вратија противникот во мечот, но Грците иако се доближија на поен негатива немаа врема за целосен пресврт.

Триумфот на Шпанија е уште поголем бидејќи е извојуван с само седум играчи, селекторот Скариоло играше со Гасол, Љуљ, Миротиќ, Рејес, Рибас, Родригес и Клавер, руди Фернадез започна но играше малку во првиот период, очигледно не е доволно рехабилитиран од повредата на грбот.

Гасол со 27 поени и девет скока ја предводеше Шпанија, а поддршка доби од Миротиќ (18 поени) и Родригез (10 поени, 5 асистенции).

Кај Грција далеку најдобар играч беше младиот Адетокумбо (12 поени, 17 скокови).

Шпанија во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот помеѓу Франција и Летонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП