12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈака Блажич три години во Лаборал Куча

Јака Блажич три години во Лаборал Куча

jaka blazic 2333

Јака Блажич во понеделникот спогодбено се раздели со Црвена ѕвезда, а ден подоцна потпиша тригодишен договор со Лаборал Куча. Блажич последните две сезони играше во Белград за Црвена ѕвезда.

Блажич (25 години, 196 сантиметри) со белградскиот клуб за две сезони освои по една титула во АБА лигата и во домашното првенство и две во Купот на Србија. За две години екс играчот на Геоплин Слован и Олимпија стана миленик на навивачите на Црвена ѕвезда, а во понеделникот тој со емотивна порака на Твитер се прости од нив.

Блажич на ЕП, во дресот на Словенија имаше просечни 12,8 поени и 3,8 скокови по натпревар. Словенија ЕП го заврши во осминафиналето по поразот од Летонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП