22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖерновски го прими Евгениј Поп-Ацев, првиот Македонец што победи на Охридскиот маратон

Жерновски го прими Евгениј Поп-Ацев, првиот Македонец што победи на Охридскиот маратон

acev zerko

Првиот Македонец, победник на Охридскиот пливачки маратон, Евгениј Поп-Ацев, денеска беше примен од градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Градоначалникот на Центар најави дека Општината ќе ги покрие трошоците за следниот голем предизвик на Поп-Ацев, октомврискиот Светски Куп во Кина.

„Соработката и помошта ќе биде континуирана и ќе влезе во програмата на општината за 2016-та“, соопштуваат од општина Центар.

Дваесет и шестгодишпниот стоматолог по професија, Евгениј Поп-Ацев е прв на Гран При серијата на Светското првенство. На маратонот во Капри тој го освои второто место, а на светското првенство во пливање во Русија, беше 14-ти, што е најголем успех на Македонија досега.

Поп-Ацев плива од својата 9-та година, тренира напорно 10 до 11 пати/неделно, а на младите им порача повеќе да спортуваат, затоа што секој спорт е добар, а пливањето е еден од најдобрите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП