18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМасерати го копира ЛаФерари

Масерати го копира ЛаФерари

maserati laferrari

Ако некој бренд има директна корист од тоа што ќе направи Ферари, тоа со сигурност е Масерати. Овој „братски-бренд“ на Ферари често ги користи новитетите на фабриката од Маранело, а неретко и цели модели преминуваат во нивни раце и тогаш се претвараат во креации со ознаките на Масерати. Така беше случајот со поранешниот Енцо, а според гласините истото се очекува и со новиот ЛаФерари.

Хибридниот ултра-спортски автомобил на Ферари во скоро време би можел да прерасне во ново возило на Масерати. Доколку може да се верува на пишувањата на некои од британските медиуми ЛаФерари ќе биде основа за новиот автомобил на Масерати, исто како што во 2004-та година беше случајот со Енцо. Како ни кај моделот МЦ12, Масерати буквално нема да ја копира работата на фабриката од Маранело, па така нивната верзија на ЛаФеари нема да го користи „HY-KERS“ системот. Тоа неможе да се каже за шасијата и електрониката која ќе биде превземена од споменатиот новитет.

Исто како и МЦ12, новиот автомобил на Масерати ќе биде полесен од моделот на Ферари, затоа што ќе го нема хибридниот систем кој го придвижува ЛаФерари. Што ќе се најде под хаубата е сосема непознато. Засега постојат две теории. Според едната постоечкиот 6.3 литарски В12 ЛаФерари ќе биде засилен и би произведувал многу повеќе од 789кс и 700нм вртежен момент, додека втората е дека моделот на Масерати ќе го придвижува В8 мотор од новиот „Quattroportea“ кој би требало да има четири турбини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП