3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ е мешавина на Федерер, Сампрас и Мекинро

Ѓоковиќ е мешавина на Федерер, Сампрас и Мекинро

3048

Труимфот на Новак Ѓоковиќ на УС Опен е една од темите со која најповеќе се занимава спортскиот свет. Српскиот тенисер вторпат во кариерата победи во Њујорк, ја освои својата 10-та Грен слем титула и го обезбеди првото место на АТП листата на крајот од година, притоа тој стана првиот играч кој ја надминал границата од 16.000 поени на АТП листата.

Ѓоковиќ својата втора титула на УС Опен ја освои благодарение на челичната ментална сила, констатира француски „Lequipe“.

„Во атмосфера во која 23.000 луѓе навиваа против него покажа дека е цврст како ѕид против кој Федерер не можеше ништо да направи. Ѓоковиќ ја следеше својата зацртана патека и неговиот показалец на челото во текот на третиот сет, кога направи брејк за 5:4 покажа дека менталната сила е неговото главно оружје“, констатира францускиот весник.

Шпанската „Marca“ во инспиративен текст во насловот потенцира дека „Ѓоковиќ го замолкнал Њујорк“, исто така констатирајќи дека против себе тој не го имал само Федерер, туку и публиката, која секој негов погрешен потег и грешка го испраќаше со големо одобрување.

„El Pais“ во својот текст Ѓоковиќ го нарекува „неприкосновен тениски крал кој очигледно уште долго ќе владее“.

„Ѓоковиќ уште еднаш го демонстрираше својот неверојатен тениски талент. Тој го освои УС Опен вторпат во кариерата, односно третиот Грен слем сезонава и вкупно 10-ти во кариерата, а неговата победа во Њујорк говори дека иднината на светскиот тенис е во негови раце“, истакнува El Pais.

„Новак веројатно ја нема елеганцијата на Федерер, милиметарската прецизност на Сампрас, ниту харизмата на Мекинро, сето ова тој го има во себе во вистински дози“.

Новинарот на ESPN, Питер Бодо смета дека ривалството на Ѓоковиќ и Федерер е најголемото во опен ерата на светскиот тенис, истакнувајќи дека Федерер полека оди кон историјата, а дека сегашноста му припаѓа на Ѓоковиќ.

„Тешко е да се предвиди уште колку ќе може да издржи Федерер, колку пати ќе мора херојски да ги вкрсти роговите со Ѓоковиќ. Едно е сигурно, Федерер полека маршира кон историските книги, но тој може да ги слушне чекорите зад себе. Овој пат тие чекори му припаѓаат на еден друг тенисер на кого му припаѓа сегашноста“, пишува Бодо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП