21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси слави јубилеј, 100 натпревари во ЛШ

Меси слави јубилеј, 100 натпревари во ЛШ

1906242_heroa

Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот и еден од најуспешните во Лигата на шампиони, Лионел Меси, во среда ќе го одигра својот 100-ти натпревар во елитното натпреварување.

Десетката на Барселона јубилејот ќе го одбележи на Олимпико во Рим, каде Барселона против Рома ќе ја започне одбраната на титулата освоена минатата сезона.

Дебито во ЛШ Меси го имаше во 2004 година против Шахтјор од Доњецк. Меси во 11 сезони во шампионската лига успеал да освои четири титули. Тој е најдобриот стрелец во историјата на ова натпреварување со 77 голови.

Првиот гол во ЛШ Аргентинецот го постигнал во ноември 2005 година против Панатинаикос, а таа сезона Барса ја освои титулата. Потоа Меси со Барса ги освои титулите во 2009, 2011 и 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП