13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпогодено се разделија КК Црвена ѕвезда и Јака Блажич

Спогодено се разделија КК Црвена ѕвезда и Јака Блажич

Image88888888

Кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда и репрезентативецот на Словенија Јака Блажич спогодбено го раскинаа договорот, соопшти клубот на својата интернет страница.

Јака Блажич од есента 2013 кога пристигна во Црвена ѕвезда стана еден од омилените играчи на навивачите на овој тим.

„Неговата борбеност, енергија, желбата за победа и добрите игри во сите натпревари во претходните две сезони му помогнаа на тимот да освојува трофеи. Тоа му овозможи да стане миленик на навивачите, но и да направи позитивен исчекор во својата кариера, која во Белград беше одбележена со многу успеси“, се наведува во соопштението на КК Црвена ѕвезда.

Блажич во две сезони со Црвена ѕвезда освои по една титула во АБА лигата и првенството на Србија и две во Купот на Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП