6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ прв во историјата со над 16.000 поени

Ѓоковиќ прв во историјата со над 16.000 поени

bababab

Победникот на последниот гренд слем во годината УС Опен, Новак Ѓоковиќ стана првиот играч во историјата на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), која собрал над 16.000 поени.

Титулата на УС Опен исто така му го обезбеди првото место на Ѓоковиќ до крајот на годината, тој како број 1 на АТП листата ќе влезе во 2016 година.

Ѓоковиќ е прв на светот веќе 164 недели што значи дека на 2.ноември ќе го мине на вечната листа Џон Мекинро кој во кариерата 170 недели бил број 1. Пред Ќоковиќ се Федерер (302 недели), Сампрас (286), Лендл (270) и Конорс (268).

Србинот со победата во финалето во Њујорк ја зголеми предноста на АТП листата над Швајцарецот, Роџер Федерер на 6.740 поени.

Најдобиорт светски тенисер сега има 16.145 поени, Федерер е втор со 9.405 поени, додека трет е Британецот Енди Мареј.

Четврти сега е Швајцарецот Стен Вавринка, кој собра точно 6.000 поени, а петти е Чехот Томаш Бердих, со 5.050 поени.

Минатогодишниот финалист Јапонецот Кеи Нишикори падна од четвртото на шестото место и сега има 5.015 поени, а некогашниот светски број еден, Шпанецот Рафаел Надал сега е седми со 3.770 поени.

Меѓу првите десет на најновата листа на АТП се уште и Шпанецот Давид Ферер, Канаѓанецот Милош Раониќ и Французот Жил Симон.

Минатогодишниот победник на УС Опен, Хрватот Марин Чилиќ падна од деветто на 14. место, додека неговиот сонародник, Иво Карловиќ по пауза од седум години се врати меѓу првите 20.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП