7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФановите на Ливерпул собираат пари за разрешување на Роџерс

Фановите на Ливерпул собираат пари за разрешување на Роџерс

letanje brendan

Дел од навивачите на Ливерпул започнаа кампања за собирање средства, со кои ќе биде платена компензацијата за раскинувањето на договорот на Брендан Роџерс.

Незадоволството кон менаџерот се засили многу повеќе по поразот со 1:3 од Манчестер Јунајтед во саботата, па поради тоа беше направена посебна страница на интернет, чија цел е да ги собере потребните 7 милиони фунти (10 милиони евра), кои треба да се платат.

Првите донации веќе се реалност, но засега собраната сума е многу далеку од посакуваната.

„Времето на Брендон Роџерс помина. Нема кој може да понесе толку невкусни фудбал, толку ужасни засилувања и банални клишеа од недела по недела. Според информациите ќе бидат потребни 10 милиони евра за да го отпуштат, па оваа страница е создадена за да им покаже на „Фенуеј Спортс Груп“, дека навивачите на Ливерпул толку очајно го сакаат неговото разрешување и дека се подготвени да платат. Ве молиме, донирајте колку што сакате и споделете ја оваа старница преку профили на социјалните мрежи“, гласи пораката на приврзаниците.

Букмејкерските куќи на Островот веќе значително ја намалија квотата за тоа Роџерс ќе биде првиот отпуштен тренер во Премиер лигата во оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП