Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, поради повреда ќе го пропушти првиот натпревар во Лигата на шампионите против ПСВ Ајндховен.
Руни се повредил минатата недела на тренингот, поради што го пропушти саботното деби со Ливерпул кое Јунајтед го доби со 3:1.
„Најверојатно Руни ќе биде подготвен за гостувањето во Саутемптон. Тој е важен играч во тимот и не сакаме да ризикуваме со неговата повреда“, рекол менаџерот Луј Ван Гал.
Холандскиот стратег во отсуство на Руни на натпреварот со Ливерпул во врвот на нападот играше со Маруан Фелаини, а се очекува против ПСВ во шпицот да заигра тинејџерот Ентони Марсијал, кој дебитираше со гол во дресот на ‘црвените ѓаволи’.
Натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите меѓу ПСВ и Манчестер Јунајтед ќе се одигра во вторник на „Филипс“ стадионот во Ајндховен.