20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн ги одбил 120-те милиони евра на Јунајтед за Милер

Баерн ги одбил 120-те милиони евра на Јунајтед за Милер

tomce man

Баерн Минхен во текот на летото отфрлил исклучително поволна понуда од Манчестер Јунајтед за напаѓачот Томас Милер, тврди авторитетното германско издание „Кикер“, повикувајќи се на свои извори.

За време на летниот прозорец предлогот на „црвените ѓаволи“ бил во износ од 120 милиони евра, па доколку се реализираше ќе беше најскапиот трансфер во фудбалот.

Англичаните исто така му нуделе на 26-годишниот Милер многу висока плата – 12,5 милиони евра по сезона.

Баварците сепак одбиле да се разделат со својот лидер, кој од почетокот на сезоната има шест погодоци и засега е прв голгетер во Бундеслигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП