20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМачијулис ја победи Грузија, Литванија во четвртфиналето

Мачијулис ја победи Грузија, Литванија во четвртфиналето

litvanija-kosarka

Репрезентацијата на Литванија е последна која избори пласман во четвртфиналето на Европското првенство. Литванците во возбудлив меч славеа над Грузија со 85:81.

Литванската репрезентација буквално сам меѓу најдобрите осум ја однесе Јонас Мачијулис кој постигна 34 поени со само две промашувања од поле, а уште во статистиката имаше шест скока, четири украдени топки и три асистенции.

Грузијците кои до стартот на последната четвртина го диктираа темпото на игра и го контролираа резултатот ги предводеше Заза Пачулија со 23 поени и седум скока.

Литванија во четвртфиналето за противник ќе ја има Италија. ‘Азурите’ во осминафиналето го декалсираа Израел со 82:52.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП