7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталија лесно до четвртфиналето на ЕП

Италија лесно до четвртфиналето на ЕП

itlaijaaaaa

Кошаркарската репрезентација на Италија рутинирано обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство. Италијаните во осиминафиналето славеа над Израел со 82:52.

Италија во овој меч влезе како фаворит и таа улога ја оправда во целост. Израелците успеваа да се одржат на негатива од десет поени во првото полувреме, но во третата четвртина претрпеа вистински дебакл, постигнаа само девет поени, а примија 28 и тука патникот во четвртфиналето практично беше решен.

Италијанскиот селектор Симоне Пјаниџани, со оглед на движењето на резултатот, успеа да ги одмори своите главни ѕвезди па тимот до победата го предводеше Џентиле со 27 поени.

Кај Израелците единствен расположен за игра беше Мекел кој уфрли 20 кошеви.

Италија во четвртфиналето ќе игра против победникот од мечот помеѓу Литванија и Грузија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП