18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПочина НБА легендата Мозес Мелоун

Почина НБА легендата Мозес Мелоун

mozes-meloun

Легендарниот американски кошаркар Мозес Мелоун починал во неделата на 60-годишна возраст, јавија американските медиуми. Причината за смртта на еден од најдобрите 50 кошаркари во историјата на НБА лигата сеуште не е познат.

Мозес Мелоун беше првиот играч кој директно од средното училиште стана професионалец кога ја почна кариерата во Јута Старс во АБА лигата во 1974 година.

По неколку сезони во кои беше играч на Сент Луис Спиритс и Бафало Брејверс, со екипата на Филаделфија успеа да ја освои титулата во НБА лигата во 1983 година. Професионлната кариера му траеше 20 години, а ја мина во осум различни екипи. Просечно во кариерата бележел по 20,6 поени и 12,2 скока по натпревар.

Добитник е на бројни индивидуални признанија, бил прогласен за најдобар играч во регуларниот дел од НБА сезоната и за најдобар играч на финалната серија, а шест пати бил најдбар скокач во лигата.

Мозес Мелоун кариерата ја завршил во 1995 година, во негова чест Хјустон го повлече број 24, а пред 14 години стана член на Куќата на славните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП