17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Вардар убедлив, Шкупи ремизираше со Работнички

ПМФЛ: Вардар убедлив, Шкупи ремизираше со Работнички

prva liga

Вардар убедливо славеше над Хоризонт Турново и стекна предност од четири бода над Шкендија, кој денес ќе го одигра својот натпревар од шестото коло.

‘Црвено-црните’ со пет голови во мрежата го испратија Турново. Серијата на голови ја отвори Ивановски, а потоа по два гола постигнаа екс играчот на Турновци Блажевски и Ромеро, Иванов во финишот го постигна почесниот гол за Турново.

Шкупи и Работнички одиграа 1:1, Илиоски му донесе предност на Работнички, а резултатот го израмни Бајрами од пенал на шест минути до крајот.

Металург загуби од Брегалница со 0:3, головите ги постигнаа стојанов, Нацев и Митрев.

Новиот прволигаш Младост славеше над Силекс со 3:1 со головите Марковски, Калановски и Симјановски.

Табела: 1. Вардар 16, 2. Шкендија 12 (-1), 3 Силекс 10, 4. Младост ЦД 9 5. Шкупи 8, 6. Работнички 7 (-2), 7. Брегалница 6, 8. Х. Турново 5, 9. Металург 1, 10. Ренова 1 (-2).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП