20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрбија со серија тројки ја скрши Финска

Србија со серија тројки ја скрши Финска

srbija-finska

Кошаркарската репрезентација на Србија славеше над Финска со 94:81 и избори четвртфинален меч против Чешка на Европското првенство.

Србите необјасниво одиграа нервозно во текот на целиот натпревар, во одбраната на упорните Финци им дозволуваа лесни позиции за шут кои најчесто ги казнуваше искусниот Салин.

Брзата транзиција на Финците им овозможи два пати во текот на првто полувреме да имаат предност од седум поени. До крајот на првиот дел Србија успеа да направи пресврт и на паузата да замине со плус од пет кошеви.

Концепцијата на Финците драстично се смени во вториот дел, кога на самиот почеток се повреди Копонен, но Србија и понатаму не успеваше да создаде некој сериозна разлика.

Главно Србите ја пробиваа одбраната на Финска преку Радуљица кој беше исклучително расположен за игра. Максимално српскиот центар ги користеше асистенции на своите играчи и мечот го заврши како најефикасен на теренот.

Србите се мачеа се до резултатот 61:57 кога со серија од седум тројки, без промашување, стигнаа до двоцифрена предност. Тука српскиот тим влезе во вистинскиот ритам и до крајот лесно ја одржа предноста која ги однесе во четвртфиналето.

Радуљица со 27 поени ја предводеше Србија, Бјелица имаше двоен ефект од 19 поени и 14 скокови, Ерцег постигна 13, а Богдановиќ 10 поени.

Блескаше во редовите на Финска искусниот Сасу Салин со 26 поени, Вилсон постигна 15, а Марфи 12 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП