9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоси ја згреши тактиката, Маркез победи во Мизано

Роси ја згреши тактиката, Маркез победи во Мизано

mizano

Актуелниот светски првак Марк Маркез победи на трката во кралската класа во Мото ГП шампионатот, Големата награда на Сан Марино. Подиумот го комплетираа Британците Бредли Смит и Скот Рединг кои ги остварија најдобрите резултати во своите кариери.

Младиот Шпанец прв пат во кариерата победи во Мизано на ГН на Сан Марино во најсилната класа. По победата тој стигна најмногу поради лошата тактика која ја избраа возачите на Јамаха Валентино Роси и Хорхе Лоренцо. На крајот Роси заврши на петтата позиција, а Лоренцо прв пат не заврши трка оваа сезона откако излета од патеката на седум кругови до крајот.

Стартот на донесе тесна трка помеѓу Лоренцо, Маркез и Роси, Шпанците се бореа за првата позиција додека Роси не се обиде да се впушти во борба со нив двајца. По третиот круг започна да врне дожд, водечките ги сменија мотоциклите, кога започна борбата на најдобрите тројца.

Роси одново демонстрираше дека е најдобар на влажна патек, ги мина Маркез и Лоренцо и створи сигурна предност пред тимскиот колега Лоренцо.

Докторот сепак направи лопа проценка во тактика, кога патеката започна да се суши, тој предолго остана на неа во борбата со Лоренцо, за разлика од Маркез кој навреме го врати мотоциклот со пневматици за суво време.

Кога роси го посети својот бокс на патеката се враи на петтата позиција со повеќе од 20 секунди заостанување зад Маркез.

До крајот Маркез лесно ја задржа предноста, Смит кој целата трка ја возеше со пневматици за суво време ја доби борбата со сонародникот Рединг за второто место, а Роси не успеа да му се доближи до четвртопласираниот Баз.

Валентино Роси е лидер во вкупниот пласман со 247 бодови, 23 повеќе од клупскиот колега Хорхе Лоренцо.

Наредната трка ќе се вози во Аргентина на 27.септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП