10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПримера: Севилја сé уште без победа

Примера: Севилја сé уште без победа

sev levante

Фудбалерите на Леванте и Севилја одиграа без победник 1:1 во првиот натпревар од третото коло во Примера. Двата тима по три кола сé уште немаат победа, имаат освоено по два бода и се наоѓаат на 13-то и 14-то место на табелата.

Севилја одигра добро прво полувреме по кое имаше предност со голот на Н’зонзи, што е негов деби гол во Примера.

Домаќинот Леванте до израмнување стигна во 58-ма минута кога Виктор Камараса од непосредна близина го совлада Бето.

Инаку третото коло носи неколку интересни дуели меѓу кои се истакнува дербито кое ќе го одиграат Атлетико Мадрид и Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП