20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА го истражува трансферот на Салах

ФИФА го истражува трансферот на Салах

salah 00

Светската фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека ги истражува евентуалните неправилности во трансферот на Мохамед Салах од Челзи во Рома. Жалбата на овој трансфер дојде од Фиорентина каде Салах играше како позајмен играч од Челзи во текот на полусезоната.

Фиорентина тврди дека Челзи немал право да го продаде Салах во Рома, бидејќи тие договориле тој да остане во Фиренца и оваа сезона.

Доколку ФИФА утврди дека постоеле неправилности во трансферот, Салах би можел да добие четирмесечна суспензија, додека Челзи една година нема да може да регистрира нови фудбалери.

Инаку, ФИФА во 2009 година го казни Челзи со едногодишна забрана за трансфери поради неправилсности во трансферот на Гаел Какута, но тогаш клубот од Лондон се согласи на финансиско поравнување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП