3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСензација на УС Опен, Винчи го уништи сонот на Серена

Сензација на УС Опен, Винчи го уништи сонот на Серена

Serena Williams reacts after losing a point to Roberta Vinci, of Italy, during a semifinal match at the U.S. Open tennis tournament, Friday, Sept. 11, 2015, in New York. (AP Photo/Bill Kostroun) ORG XMIT: USO256

Италијанката Роберта Винчи приреди една од најголемите сензации во историјата на женскиот тенис, откако во полуфиналето на УС Опен, по два часа игра, славеше над апослутната фаворитка Серена Вилијамс со 2:6, 6:4, 6:4. Во италијанското финале Винчи ќе игра против Флавија Пенета која претходно ја збриша вторта носителка Симона Халеп со 6:1, 6:3.

Италијанката која се наоѓа на 43-то место на ВТА листата, не само што ја забележа најголемата победа во кариерата, стигна во 33-та година од животот да се бори за Грен слем титула и во исто време ја спречи Серена да комплетира календарски Грен слем (Серена претходно победи на Аустралијан Опен, Ролан Гарос и Вимблдон).

Винчи добро влезе во мечот прва успеа да стигне до брејк и да поведе со 2:1, но следуваше жесток одговор на Серна која ги доби наредните четири гема и лесно го освои првиот сет.

Откако беше декласирана во првиот сет Италијанката заигра на се или ништо максимално го подигна нивото на својата игра и веќе во првиот гем стигна до три брејк топки кои не успеа да ги реализира.

Она што не успеа во првиот, Италијанката го направи во петиот гем направи брејк и потоа со сигурна игра успеа да стигне до 6:4 и до израмнување.

Сличен тек на настаните имаше и решавачкиот сет, Винчи ја разбиваше играта на Серена со својот слајз бекхенд, а Американката целосно подлегна на притисокот и беше далеку од своето најдобро издание.

Винчи во седмиот гем успеа да и го одземе сервисот на противничката и да стигне до својот најголем успех во кариерата.

„Ова е нверојатен момент за мене, јасм во финалето, ја победив Серена. За мене ова е неверојатен момент. Многу работи ми се вртеа во главата, го загубив првиот сет но се вратив, се обидував да не размислувам за Серена, многу работи ми се вртеа по главата кога сервирав за мечот. Ова е најдобриот момент во мојот живот. Кога се разбудив си нреков оди играј полуфинале и уживај во мечот против Серена, не размислував дека можам да победам. Жалам што се излезе вака, поради Американците поради Серена која не успеа да го комплетира Грен слемот, озвинете луѓе но ова е мој ден“, рече низ солзи пресреќната Роберта Винчи, која потоа со бурни овации беше испратена од Централниот терен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП