5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАвстрија се врати во Мото ГП календарот

Австрија се врати во Мото ГП календарот

moto gp 002

Светската мотоциклистичка федерација го објави календарот за наредниот Мото ГП шампионат, кој брои 18 трки. Следната сезона ќе започне нешто порано од вообичаеното, на 20-ти март, а во календарот по една деценија се враќа ГН на Австрија.

Од наредната сезона во календарот ќе ја нема Големата награда на Индијанаполис на легендарната патека „Индијанаполис Мотор Спидвеј“, на нејзино место се наоѓа ГН на Австрија.

Исто така ГН на Британија на „Силверстон“ е префрлена да се вози во средината на јули, додека прв пат ГН на Холандија ќе се вози во недела.

Сезоната ќе започне на 20-ти март со трката за ГН на Катар, а ќе заврши на 6-ти ноември со трката за ГН на Валенсија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП