26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПремиерлига: Пелегрини и Ају најдобри во август

Премиерлига: Пелегрини и Ају најдобри во август

bar nagradi 00

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини и фудбалерот на Свонси Андре Ају се прогласени за најуспешни во Премиерлигата во изминатиот месец.

Сити во првите четири натпревари забележа исто толку победи со гол разлика 10:0 и веќе ја истакна кандидатурата за освојување на шампионската титула.

bar nagradi

„Задоволни сме како стартувавме во првенството, но сеуште не размуслуваме за крајот на ова оваа сезона. Доколку помислиме дека наредниот меч ќе го победиме бидејќи славевме на претходните четири тоа нема да биде добро за тимот“, рекол 61-годишниот Пелгрини.

Репрезентативецот на Гана, Андре Ају, во Свонси пристигна во летниот преоден рок од Олимпик Марсеј и веднаш се наметна како лидер во екипата. Ају во првите четири натпревари постигна три гола и имаше една асистенција, а Стоук со скор од две победи и две нерешени се наоѓа на четвртото место на табелата.

bar nagradi1

„Оваа награда е производ на напорната работа и поддршката на целиот тим“, рекол Ају.

Во петтото коло Свонси ќе му гостува на Вотфорд, а Манчестер Сити во Лондон ќе игра против Кристал Палас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП