20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏерард: Навистина ли Фергусон смета дека сум просечен фудбалер?

Џерард: Навистина ли Фергусон смета дека сум просечен фудбалер?

stiven33

Стивен Џерард, поранешниот играч на Ливерпул, откри дека посакува да знае дали сер Алекс Фергусон навистина мисли дека тој е просечен фудбалер.

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед кој за 27 години на „Олд Трафорд“ освои 49 трофеи во својата автобиографија која ја објави пред две години напишал: „Лампард брилијантно му служеше на Челзи, но за него никогаш не сум размислувал како за елитен фудбалер. Исто така јас сум еден од ретките кои смета дека Џерард не е светска класа“.

Во интервју за Daily Mail, Џерард го му поставува прашање на шкотскиот стратег.

„Би го прашал Алекс Фергусон: Навистина ли сметаш дека сум просечен?“

Џерард ги оценил и своите современици од редот за врска кои му беа противници на теренот: Рој Кин, Френк Лампард, Пол Сколс и Патрик Виера.

„Кин е број 1. Останатите? Сите се различни. Френк е најдобриот голгетер меѓу играчите од редот за врска, Сколс е најдобар фудбалер, Виера најтежок противник. Со задоволство играв против нив“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП