18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрама во Берлин, Шредер трагичар, Грузија славеше над Хрватска

Драма во Берлин, Шредер трагичар, Грузија славеше над Хрватска

сли

Шпанија во директен дуел ја елиминира Германија во Б групата на Европското првенство. Во Ц групата Грузија ја шокира Хрватска, но поразот нема да влијае на пласманот на Хрватите во групата. Латвија е трета, а Белгија четврта во Д групата, откако Латвијците славеа над Естонија. во групата А претходно Полска со победата над Финска го освои третото место, а Русија ја декласира БиХ и ја забележи првата победа на ЕП.

До оваа сезона соиграчот на Перо Антиќ во Атланта, Денис Шредер е трагичарот на Германија, која го заврши настапот на ЕП.

Шпанија во трилер меч славеше над Германија со 77:76, иако на пет минути до крајот имаше 13 поени. Упорните Германци во последната минута постигнаа две тројки (Новицки и Шредер), а Љуљ четири пати погоди од линијата за слободни фрлања, а Шредер беше прецизен за два.

На три секунди до крајот Рибас направи нелогичен фаул врз Шредер кој доби три слободни фрлања, ги погоди првите две, но го промаши третото и не успеа да избори продолженија.

Шредер беше најефикасен кај Германците со 26 поени, на кои придодаде шест скока и седум асистенции. Кај Шпанија Серхио Родригез реализираше 19, а Гасол 16 поени.

Хрватска го напушта домашниот терен во Загреб и се сели во Лил со пораз во последното коло од Грузија. Хрватите одиграа уште еден лош натпревар, ги повторија слабостите кои ги демонстрираа и на мечевите со Македонија и Холандија, што Грузијците знаеја да го казнат.

Саникидзе, Санадзе и Пачулија со по 12 поени ја предводеа Грузија до втората победа во групата, додека Жориќ со 16 поени беше најефикасен кај Хрватска.

Летонија, која беше домаќин на Д групата во последниот меч славеше над Естонија со 75:64 и се вклучи во борбата за третото место на табелата.

Летонците сега имаат скор од три победи и во случај на победа на Литванија над Чешка ќе бидат трети во групата и ќе играат против Хрватска во осминафиналето.

Инаку во победата над Естонија се истакна Стрелникс со 21 поен.

Русија и Босна и Херцеговина во пресрет на последното коло немаа никакви шанси за пласман во осминафиналето, а Русите се погрижија првенството да го завршат со пет порази. Зубков со 17, Фридзон со 16 и Воронцевич со 15 поени ја предводеа Русија до победата од 81:61.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП