27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВладо Илиевски ја заврши репрезентативната кариера

Владо Илиевски ја заврши репрезентативната кариера

владо-илиевски

Натпреварот со Словенија со кој македонската кошаркарска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство, беше последен за Владо Илиевски во националниот дрес.

Илиевски, кој беше капитен на селекцијата на ова ЕП, во мечот против Словенија постигна 15 поени. 35-годишниот Илиевски натпреварите во групата ги заврши со просек од девет поени и 3,5 асистенции.

„Веројатно ова ми е последниот натпревар во репрезентативниот дрес. Горд сум што дојдов овде, како капитен, како лидер, имавме некои негативни моменти низ турнирот, но исто така и покажавме добра кошарка и мислам дека Македонија заслужува да биде тука. Се надевам дека идните генерации ќе продолжат да настапуваат на следните европски првенства. Имав добри и лоши моменти во репрезентативниот тим, но никогаш нема да ги заборавам пријателствата, тоа се пријатели за цел живот. Секогаш ќе бидам тука за македонската кошарка“, изјави по мечот со Словенија Илиевски.

Владо Илиевски го постигна најзначајниот кош во македонската кошаркарска историја, неговата тројка на истекот на натпреварот со Литванија, ја однесе Македонија во полуфиналето, на ЕП во 2011 година што е најголемиот успех на македонската кошарка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП