ПочетнаИНТЕРЕСНОБени Рајх ја заврши кариерата

Бени Рајх ја заврши кариерата

beni-rajh

Двократниот олимписки шампион во скијање, Австриецот Бенјамин Рајх, во четвртокот соопшти дека ја завршува професионалната кариера. Рајх во јуни стапи во брак со својата колешка Марлиз Шилд, а во јуни тие соопштија дека очекуваат принова во семејството.

„Немам повеќе предизвици за да се натпреварувам, а тоа е потребно кога се занимавате со овој спорт“, рекол Рајх.

За време на својата 19-годишна кариера, Рајх освоил 14 медали на големите натпреварувања. Најзначајните медали ги освои на Зимските олимписки игри во Торино, во 2006 година, кога стана шампион во слалом и велеслалом.

Австриецот во натпреварите во Светскиот куп забележал 36 победи, најмногу од сите актуелни скијачи.

Рајх во 2006 година го освои големиот Кристален глобус за севкупен победник во Светскиот куп.