8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрбите ја декласираа Италија, следен ривал ќе им биде Финска

Србите ја декласираа Италија, следен ривал ќе им биде Финска

србија-срсрср

Кошаркаската репрезентација на Србија со максимален учинок ја заврши првата фаза на ЕП, во Б групата. Србите во првиот меч во оваа група ја декласираа Италија, со 101:82.

Србите продолжија да им делат лекции на противниците во Б групата по Шпанија, Германија, Исланд и Турција тие ја совладаа и Италија. Теодосиќ брилијантно го водеше тимот, тој натпреварот го заврши со 26 поени и осум асистенции, Бјелица имаше учинок од 19 поени и осум скокови. Џентиле беше најефикасен во италијанскиот тим со 19 поени, во чии редови го немаша Белинели поради замор.

Србија во осминафиналето ќе игра против Финска која го освои четвртото место во А групата.

Во првиот меч во оваа група Полска славеше над Финска со 78:65 и си го обезбеди третото место на табелата. Вачински со 17 поени беше најефикасен во полската репрезентација.

Осминафиналето помеѓу Србија и Финска ќе се одигра на 13.септември во Лил.

Пласман во завршницата избори и Белгија од Д групата. Белгијците славеа над Украина со 79:71, а по комплетирањето на натпреварите од последното коло ќе биде познато од која позиција на табелата ќе оди Белгија во осминафиналето.

Жиле и Ван Росом со 15, односно 14 поени се истакнаа кај Белгија додека најдобар кај Украинците, кои со една победа се простија од ЕП беше Фесенко со 20 поени и 11 скокови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП