13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошаркарите елиминирани од Евробаскетот

Кошаркарите елиминирани од Евробаскетот

slo-mkd-17-700x473

Кошаркарската репрезентација на Македонија го заврши своето учество на Европското првенство, откако во првиот меч од последното коло во Ц групата, загуби од Словенија со 51:62 (10:24, 14:7, 17:21, 10:10).

Натпреварот кој значеше останок или елиминација од ЕП македонските кошаркари го одиграа без енергија, со многу грешки и катастрофална реализација. Не блескаа ниту Словенците, но одиграа доволно добро за да го победат македонскиот национален тим.

Како на натпреварот со Грузија, во средата, Македонија имаше бавен почеток, му дозволи на противникот да поведе со 2:11 и со 5:17, а на крајот од првата четвртина Словенците стигнаа до највисоката предност (10:24).

Со минус од 14 поени, со реализација од поле од нецели 20 отсто, уште по десет минути беше јасно во која насока ќе се одвива натпреварот. Лошата игра во нападот продолжи и во втората четвртина, кога Словенците речиси шест минути не постигнаа кош, а Македонија нивната индолентна игра ја казни со само четири поени.

Некаков ритам македонските кошаркари фатија во финишот на полувремето, кога со тројката на Симоновски стигнаа до 24:28 и на почетокот на третиот период кога благодарение на Илиевски резултатот беше 35:40.

Кога Словенците ги одбија тие напади одново ја вратија двоцифрената предност и до крајот лесно ја одржаа.

Капитенот Илиевски со 15 поени беше најефикасен во ‘црвено жолтиот’ тим, а Самарџиски имаше 10 поени и пет скока. Целосно потфрлија Хендрикс и Костоски кои заедно реализираа три поени. Словенците до третата победа ги предводеше Драгиќ со 20 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП