18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗапочнаа подготовките за УЕФА Суперкупот –Скопје 2017

Започнаа подготовките за УЕФА Суперкупот –Скопје 2017

sostanok ffm

Висока делегација на УЕФА ја заврши првата официјална посета на ФФМ поврзана со организацијата на УЕФА Суперкупот во Скопје, натпревар кој ќе се одигра помеѓу победникот на Лигата на шампионите и Европа Лигата во 2017 година.

Делегацијата на УЕФА пристигна во Скопје пред одигрувањето на квалификацискиот натпревар Македонија-Шпанија со цел да види како ФФМ организира еден натпревар од висок интерес.

Во рамки на посетата, во четвртокот, беше одржан и состанок на кој присуствуваа генералниот секретар на ФФМ, менаџерот на ТАВ аеродромите и претставник на Националната Арена Филип Втори, под водство на раководителот на УЕФА секторот за организација на настани, Даниел Рибеиро.

На состанокот беше објаснета рамката за планирање и организација на Супер купот, како и временската рамка за имплементација на проектот.

„Ние веќе работиме на составување работна група во која ќе бидат вклучени претставници на ФФМ, Град Скопје, Национална арена и Влада на Република Македонија. Сметаме дека овој натпревар е многу важен од аспект на унапредување на целокупната инфраструктура на Националната арена од сите аспекти. Но она што е уште поважно како придобивка е фактот дека Скопје ќе биде на мапата на фудбалска Европа и ќе се зборува за нас во следните 23 месеци на подготовка. Наша главна цел е да покажеме и докажеме дека сме зрели и подготвени за организација на натпревар од ваков ранг и повторно да се покажеме како добри домаќини“, изјави за интернет страницата на ФФМ, генералниот секретар на организацијата Филип Поповски.

„Ова е наша прва посета откако и официјално беше потврдено дека Скопје ќе биде домаќин на УЕФА Супер Купот во 2017 година. Задоволни сме од она што го видовме досега од аспект на аеродромска инфраструктура, хотелски капацитети, стадионот и планот за негово унапредување. Имаме речиси две години пред нас, период во кој ќе бидат дефинирани сите понатамошни чекори во пресрет на настанот. Она што сакам во моментов да го истакнам е дека стандардниот брендинг на Суперкупот ќе биде персонализиран со спецификите на градот, и истиот многу брзо ќе почне да се дистрибуира низ сите комуникациски канали на УЕФА. Ова натпреварување има долга историја, и среќни сме што од година во година прераснува во вистински спектакл“, рекол Даниел Рибеиро, раководителот на УЕФА секторот за организација на настани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП