18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: Потврдено учеството на Сутјеска и Олимпија

АБА лига: Потврдено учеството на Сутјеска и Олимпија

aba-liga

Сутјеска и Унион Олимпија официјално се 13-от и 14-от член на регионалната кошаркска АБА лига во сезоната 2015/2016, потврди лигата на својата официјална страница.

Олимпија од АБА лигата доби „wild card“ за учество, додека Сутјеска за своето учество во лигата плати котизација од 150.000 евра.

Двата клуба во предвидениот рок, 9-ти септември, ја поднеле документацијата, а лигата ден подоцна официјално го потврди нивното учество.

Инаку, последното место требаше да биде пополнето со жрепка на која покрај Сутјеска би учествувале Куманово, Широки и Џоли од Шибеник, но споменатите три екипи се откажале поради котизацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП