17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтефан Синовец од МЗТ во Крка

Стефан Синовец од МЗТ во Крка

sinovec 112

Поранешниот играч на МЗТ Скопје Аеродром, Стефан Синовец, во наредната сезона ќе го носи дресот на Крка, потврди кубот од Ново Место на својата интернет страница.

„Добивме играч каков што посакувавме. Тој е кошаркар кој подеднакво добро игра и во одбраната и во нападот. Убеден сум дека ќе даде се од себе и дека ќе ни помогне да го оствариме зацртаните цели“, рекол тренерот на Крка, Игор Велиќ.

Синовец во сезоната 2013/2014 ги бранеше боите на МЗТ, а во Скопје го мина и вториот дел од минатогодишната сезона која ја започна во унгарски Солнок. Во Солнок во АБА лигата имаше просек од 10,5 поени, 4,1 скокови и две асистенции, додека во МЗТ тој по натпревар имал просечен учинок од 11,4 поени, 4,3 скокови и две асистнции.

Во текот на кариерата Синовец бил играч Визура, Химик, Партизан, Металац и Раднички од Крагуевац.

Крка во новата сезона во АБА лигата ќе игра со целосно изменет состав, Синовец е осмото засилување за екипата на тренерот Велиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП