20 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМекејлеб се враќа во Партизан?

Мекејлеб се враќа во Партизан?

partizan222

Лестер Бо Мекејлеб ќе се врати во Партизан, шпекулираат српските медиуми, дополнувајќи дека Американецот со македонски пасош е прв пик на новото раководство на клубот.

Партизан пред два дена доби ново раководство, НБА ѕвездата Никола Пековиќ е избран за нов претседател, а поранешниот играч и капитен Петар Божиќ за нов тренер и, според медиумите, прв играч кој ќе се обидат да го донесат е токму Мекејлеб.

Плејмејкерот зад себе има две неуспешни сезони, една во Фенербахче, додека вториот дел од минатата сезона ја мина во Баерн Минхен.

Мекејлеб во моментов нема клуб, па е можно тој да се врати во Партизан чиј предводник беше во сезоната 2009/2010 кога „црно-белите“ ја освоија тројната круна и играа на завршниот турнир во Евролигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП