10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПенета-Халеп, второ полуфинале на УС Опен

Пенета-Халеп, второ полуфинале на УС Опен

us open 022222

Флавија Пенета и Симона Халеп ја формираа втората полуфинална двојка на женскиот дел од турнирот на УС Опен. Ден претходно пласман во полуфиналето изборија Серена Вилијамс и Роберта Винчи.

Пенета против Петра Квитова од Чешка победи во три сета (4:6, 6:4, 6:2) и се избори за своето второ полуфинале во Њујорк, во последните три години. Пред две години Пенета на патот до финалето загуби од Викторија Азаренка.

Халеп од друга страна славеше над Азаренка со 6:3, 4:6, 6:4 и делумно ги ‘залечи раните’ по раните елиминации на Ролан Гарос и Вимблдон.

Овој меч на почетокот од третиот сет беше прекинат поради дожд, а паузата повеќе и одговараше на Романката.

„Фала му на Бога. Дождот ми помогна. Не знам како најдов сили за да стигнам до победата“, изјави по мечот Халеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП