10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајцарско полуфинале на УС Опен

Швајцарско полуфинале на УС Опен

_85462716_federer_ap

Швајцарците Роџер Федерер и Стен Вавринка се пласираа во полуфиналето на последниот Грен слем во сезоната, УС Опен.

Федерер во четвртфиналето славеше над Ришар Гаске со 6:3, 6:3, 6:1, додека Вавринка го победи Кевин Андерсон со 6.4, 6:4, 6:0.

Полуфиналето во Њујорк ќе биде 20-ти меѓусебен дуел на колегите од швајцарската Девис куп репрезентација, на претходните 19 Федерер има забележано 16 победи, но последниот меч во полуфиналето на Ролан Гарос му припадна на Вавринка.

Вавринка никогаш не играл во финалето на УС Опен, додека Федерер последен пат финале на УС Опен играл во 2009 година, кога во пет сета загуби од Хуан Мартин дел Потро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП